DIY Box for jewelry

Често слободното време знам да го искористам на тој начин што правам нешто што ќе ми се најде некогаш од работи кои веќе не служат за ништо.
Па така и утрово. Ми беше досадно, времето некако пригушено и тмурно, а јас мрзелива за учење па конечно се решив да ги употребам школките кои претходното лето ги збирав од плажите. Најдов низ дома празна кутија од памучни чепкалки за уши и та-дааам..си добив нова кутија за прстенчиња, обетки и друг накит.
Image Continue reading

Just to say HI

Слика

Здраво друштво. Јас сум нова овде и сакав само да се претставам себе и својот блог. Tука сум за да се забавувам, да ве читам и да научам нешто ново, а можеби и вие ќе научите нешто од мене, кој знае.
Сакам да читам, да слушам музика, да пишувам. Имав еден обид за водење на блог пред скоро една година, но форумот за кој го водев пропадна, па така заврши и мојата блогерска кариера и ете ме тука повторно да се обидам.
На мојов блог ќе имате можност да погледнете постови со најразлична содржина, од препораки за книги за читателите, преку некои рецепти за торти и колачи (затоа што често експериментирам во кујната) за гурманите, до разни DIY проекти и модни комбинации. Но тоа не значи дека сум мултиталентирана, нема што да ви кажувам ќе се уверите сами.

Па ете, тоа беше од мене, како за првпат. Се надевам ќе успеам да го привлечам вашето внимание.
Секое добро.