Земи се’

Тишина
која многу кажува.
Насмевка
која солзи не сокрива.
Песна што само ја издава тагата.

Одам тивко,
за да не ја разбудам
тишината во собава.

Постоиме,
а се’ е исчезнато..
и наеднаш – магија,
се’ постои, а нас не’ нема.

Земи ја светлината
од мрачниве мисли,
земи ја радоста
од тагава,
земи ме мене.
Од тебе.

Земи се’,
земи баш се’ што остана од ова ништо
и однеси,
и однеси се’ таму,
никаде.

Земи се’ пред да биде доцна.

Image

Leave a comment