Пеплишта

Детство..желби..соништа..
Пеплишта..
Судбината ги спали, ја разнесе пепелта ко ветер, а секое жарче што остана од огнот го потури со вода, да не се разгори повторно.
Ме спали мене, жива.
Ми го зеде сонцето од небото, но ми рече дека не ме остава сама. Ги остави сивите облаци да ми прават друштво.
Ми ја украде насмевката од лицето, но ми рече дека не е скржава. Ми поклони солзи.
Го зеде она што бев, ме претвори во она што сакаше да бидам.
На храброста и’ даде крила, па и таа ме напушти..а сила за да ја задржам немав.
Се плашам да живеам, а истовремено се плашам да умрам. Стравот ме брка.
Бегајќи од него, се плашам и од самата себе. Си станав непријател.
Во лавиринти од лаги не можам да го најдам излезот, а блиску е знам.
И продолжувам да трчам барајќи спас од лажговците, барајќи спас од глувите, од мртвите.
Има ли смисла?!
Дали вреди да живеам?!
А дали воопшто вреди да се жртвувам себе си во корист на некој друг?
Дали вреди да се уништам себе си и да не се покаам додека го заривам жилетот? Дали вреди, да се покаам кога веќе ги затворам очите за да ја гледам темнината секогаш?!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s