DIY Box for jewelry

Често слободното време знам да го искористам на тој начин што правам нешто што ќе ми се најде некогаш од работи кои веќе не служат за ништо.
Па така и утрово. Ми беше досадно, времето некако пригушено и тмурно, а јас мрзелива за учење па конечно се решив да ги употребам школките кои претходното лето ги збирав од плажите. Најдов низ дома празна кутија од памучни чепкалки за уши и та-дааам..си добив нова кутија за прстенчиња, обетки и друг накит.
Image

Значи, за да ја направите оваа кутија потребни ќе ви бидат:
– пластична или картонска кутија
– школки или друг вид на украсен материјал како: мониста, конци во различни бои, камчиња, петлици и сл.
– лепило

Најпрво ја отстранив етикетата од кутијата. За да го направите тоа полесно, потопете ја кутијата во млака вода. Така лепилото ќе пушти и хартијата ќе излезе без да се мачите.

Image

Откако кутијата ќе се исуши започнете со лепење. Задниот дел од кутијата јас го оставив неукрасен затоа што не ми стигнаа школки, бидејќи сакав на другите страни да залепам повеќе школки. Но вие можете да го украсите и него.

Image

За крај, ставив сунѓер во кутијата за да можам да го редам накитот.

Image        Image

Advertisements

One thought on “DIY Box for jewelry

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s