Освен јас

Кога месечината ќе заспие
и сонцето ќе го започне својот од,
кога зрак по зрак се буди
кон денот раце подавам
да видам што ми нуди.

И одам по својот пат
и верувам дека
ќе ја најдам среќата некојпат.

Се сеќавам на добри времиња,
на разделби болни,
гледам среќни лица,
и кревки и тажни,
силни и слаби,
слатки бебиња, луѓе млади.

Зошто светот не е
како убаво утро со сонце светло,
и погледот кога тоа заоѓа
што потсеќа на лето?

И кога сонцето ќе се скрие
и месечината ќе се разбуди пак,
кога ѕвезда по ѕвезда дава знак,
и кревки и тажни,
силни и слаби,
и слатки бебиња и луѓе млади,
секој своето место си го наоѓа,
каде припаѓа.
Секој, освен јас.

Image

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s